Русија со предупредување до Македонија: Влезот во НАТО може да има последици во билатералните односи и безбедноста

На денешната средба помеѓу заменикот министер на руското МНР Александар Грушко и македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов, било разговарано за продолжување на трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу двете држави се наведува во соопшетнието на руското МНР.

На средбата биле разменети мислења и за ситуацијата на Балканот.

Од руска страна било потенцирано дека влезот на Македонија во НАТО може да предизвика негативни последици за регионалната безбедност, како и врз билатералните односи помеѓу двете држави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.