Русија очекува напад: Путин ја дигна флотата во Црното Море

Воздушната одбрана на руската флота на Црно Море издала предупредување за напад, пренесе шведскиот политичр Карл Билт на Твитер. Веста е пренесена и од други медиуми, но нема официјална потврда, пишува пресс24.

Некои медиуми пренесоа дека руското Министерство за одбрана издало наредба борбената готовност на руската црноморска флота да се подигне на највисоко ниво и дека е издадено предупредување за евентуален напад откако е забележано дека воени бродови на коалициските сили предводени од САД тргнале кон Сирија.

Според некои информации, до напад би можело да дојде во наредните 24 часа.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воен удар на Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума во Источна Гута и предупреди дека Русија, или било која друга земја која што ќе се утврди дека била виновна за тој напад „ќе ја плати цената“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.