-Како партија сме сериозно подготвени, но исто така, сме и сериозно свесни кои ќе следат и следуваат веќе од власта. Навистина ми е многу жал што во ова линковско приклучување јас морам да истакнам еден исклучително скандалозен чин кој се случи пред неполн половина час, истакна вечерва во своето вклучување во ДНевникот на Тв Сител СПиро Ристовски, претседател на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден од нашите кандидати за градоначалници беше запрен на влез во Скопје. Во моментот кога одеше на оваа конференција му беа вперени пиштоли во глава од страна на припадниците на полициските единици, истакна Ристовски.
Тој појасни дека бил извршен претрес пред присуство на голем број граѓани, но потоа тој бил пуштен.
-На еден начин станува збор за една класичка полициска местенка. Истовремено, пристигнуваат информации од сите градови дека се блокираат автобуси за да пристигнат вечерва на конвенцијата. Тоа само го покажува вистинското лице на нашиот политички опонент, но и покрај тоа јас сум повеќе од сигурен дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор во периодот што следува и ќе знаат да направат разлика од она што ние го нудиме и нашиот опонент, рече Ристовски.
Извор: Курир