Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески беше во посета на прилепското село Канатларци, каде најголемиот број го сочинува турското население.
Таму беше пречекан со почести, аплаузи и со братски прегратки.
Во ова прилепско село кое е пример за соживот, разбирање, почитување на различностите и толеранција, локалната самоуправа во изминатите години направи многу, а градоначалникот Ристески е редовен гостин на сите случувања и културни манифестации во ова населено место.
Во Канаталарци се асфалтираа улици и се изгради нова канализациона мрежа, со што се реши проблемот со одведување на фекалните води.
Во 2012 година асфалтирана беше главната улица која низ целата должина од 1000м беше препокриена со асфалтна површина од 3500м2. Овој инфраструктурен проект општината ја чинеше 3.000 000 денари, а задоволството на мештаните беше дополнето и со промената на водомерите и нивна замена со опрема за фиксно отчитување на водомерите, проект на ЈКП Водовод.
Асфалтиран беше и пат до селото во должина од 300 метри во вредност од 1 милион денари.
Покрај тоа Канатларци доби и нова детска градинка каде се згрижение 20тина деца. Градинката се наоѓа во склоп на училиштето “Св. Кирил и Методиј” кое е двигателот на одржување на здрава мултинационална средина, во која владее мир и разбирање.
Во училиштето се изврши целосна санација која се состоеше од реновирање на две училници, помошна просторија, ходник, санитарни јазли во централното училиште на ООУ „Кирил и Методиј“ во Кантларци и беше во вредност од околу 1.400 000,00денари од кои околу 1.200 000,00 денари од УСАИД и 200.000,00 денари од ЕЛС Прилеп.
Во Канатларци исто така беше изграден и парк, кој опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите.
Александар Г.