Градоначалникот Марјан Ристески заедно со иницијативниот одбор на црквата посветена на Рожденството на Пресвета Богородица, ги поканија сите православни христијани и граѓани на општина Прилеп да им бидат гости на ден 21 септември, кога се празнува големиот христијански празник Рожденство на Пресвета Богородица.
На празникот ќе се одржи вечерна и утринска литургија, гостите ќе бидат послужени со ручек и ќе има музичка програма, а Ристески е еден од домаќините оваа година.
Со тоа и оваа година продолжува традицијата на празнување на овој празник во овој свет храм.
А/Г/