Ристески: Прилеп ќе добие културно туристички центар “Крали Марко” и музеј на карневалот “Прочка” (ВИДЕО)

На денешната прес-конференција актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат на општина Прилеп, Марјан Ристески, се осврна на новите проекти кои ќе бидат реализирани во обласата на културно – историското наследство и уметност.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ:

“Наша должност е да го зачуваме  идентитетот. Ние веќе 12 години посветено и неуморно, вложуваме во развојот на културата, во традициите и обичаите, во историјата,  за да можеме заштитата на нашиот македонски идентитет да им ја оставиме во аманет на нашите идни генерации.

Затоа со новата програма ќе реализираме огромен број на проекти:

-Ќе формираме културно туристички центар “Крали Марко“ во просториите на општествениот дом во населба Варош.

-Ќе ги обновиме опожарените конаци во манастирот Трескавец Прилеп. Проектот  го започнавме со поддршка на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

-Општина Прилеп заедно со советот ќе обезбеди финансиска поддршка за формирање на градски оркестар и градски црковен хор.

-Продолжуваме да ги негуваме традиционалните вредности  и со меѓународниот карневал Прочка, кој ќе добие Музеј на карневалот – репрезент на обичаите под маски карактеристични за балканските простори.

– Заедно со уметнците ќе продолжиме  Прилеп да го градиме како град на уметноста. Ќе обезбедиме локации за изработка на мозаици, графити, уметничка урбана опрема кои ќе овозможат визуелно искуство и модерен изглед на градот , а уметниците ќе добијат можност за уметничко изразување.

Доколку се обезбедат средства, Прилеп ќе добие нов театар!  Театарот  требаше да биде изграден со средства обезбедени од Владата на ВМРО ДПМНЕ! Истите  тие, кои Владата на СДС ги укина со ребалансот на буџет пред само неколку месеци.

Затоа Прилепчани ќе гласаат за дела!

Ќе гласаат за луѓе кои ја сакаат својата општина и држат до својот збор!

Ќе гласаат за број 13!”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.