Прилеп денеска одново тагува и се сеќава на десеттемина рано изгубени млади животи од војната во 2001 година на Карпалак.
Одбележувањето на 16-годишнината од овој немил настан повторно изнуди длабоки воздишки, тага и жалење за војниците кои тргнаа да ја бранат татковината, но беа убиени на свиреп начин во заседа.
Во градот денеска се одржа централно одбележување како и секоја година пред спомен комплексот “Kaрпалак”, каде делегации од локалната самоуправа, политички партии, здруженија на граѓани и претставници од семејствата на загинатите положија венци, а пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, кој и самиот беше учесник во немилиот настан пред 16 години.
Неговиот говор предизвикува бура реакции и емоции!
Александар Г.