Најдобро решение за излез од политичката криза би било организирањето на нови предвремени парламентарни избори заедно со локалните, смета градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
-Најдобар излез од кризата би биле што побрзи парламентарни и локални избори. Ако СДСМ ја приложеа платформата пред парламентарните избори чисто се сомневам дека ќе дојдеа до ваков резултат, сметам дека би имале помалку пратеници, а и не би дошле до ескалација на политичката ситуација. Мора да излеземе од кризата којашто штетно ќе се одрази на понатамошното функционирање на државата, не само на локалната самоуправа, а најдобро решение би биле нови парламентарни и нови локални избори, изјави Ристески.