“Република”: Што зборуваше Заев кога нѐ лажеше (ФОТО)

Три дена пред парламентарните избори во 2017 година, на 8 декември 2016 година, лидер на најголемата опозициска партија Зоран Заев во интервју за ТВ Телма тврдеше дека „нема промена на уставнто име на државата“ и дека „СДСМ има црвени линии, кои на исте им се познати“. Година и пол подоцна се покажа линиите можеби се црвени, но секако се подвижни.

-Нема промена на нашето уставно име, нема промена на нашиот идентитет, проблемот со Грција ќе го решиме со интензивна дипломатска активност, изјави во интервју за ТВ Телма претседателот на СДСМ Зоран Заев на 8 декември 2016 година.
Во врска со проблемот со Грција со името и мерките на доверба што се подготвуваат, Заев тогаш рече дека тие мерки се неопходни, но додаде дека црвените линии на СДСМ биле познати.

Заев пред Жбогар се обврза дека ќе го смени името

-Нема промена на уставното име и нема промена на нашиот идентитет, на нашата национална посебност. За сѐ друго сме подготвени да разговараме и верувам дека со интензивна дипломатска активност можеме да најдеме решение на овој проблем, изјави Заев тогаш.

Лидерот на СДСМ, кој во меѓувреме стана и премиер на Република Македонија, по средбата со европратеникот Самуел Жбогар синоќа изјави дека Владата била подготвена за географска одредница. Заев потенцира дека прашањето за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.

-Ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам, затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на вчерашната заедничка прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар, по презентација на Стратегијата за Западен Балкан пред министрите.

Извор: Република




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.