Судството во Република Македонија се повеќе наликува на фарса, наместо по слово на законот пресудите се пишуваат врз основа на притисокот од партијата на власт. Основниот суд во Прилеп денес го осуди поранешниот градоначалник на Прилеп од редовитте на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, затоа што не ја заштитил општинската зграда од фарбањето од страна на припадниците на таканаречената шарена револуција – објави порталот “Република“.
Ристески со првостепена пресуда на Основниот суд во Прилеп е осуден со условна казна затвор во висина од 6 месеци, која што нема да се изврши доколку истиот не стори кривично дело во рок од 1 година. Дополнително на Ристески му се изрекува и парична казна во висина од 36.900 денари.
Пресудата сама по себе е апсурдна. Наместо оштетата да биде платена од страна на припадниците на таканаречената шарена револуција кои ја фарбаа зградата на општината и го оштетуваа општинскиот имот осуден е градоначалникот Марјан Ристески, кој во тоа време бил градоначалник на општината.
МВР и ОЈО немаат поведено постапка против припадницата на така наречената шарена револуција, кои ја оштетија општинската зграда, но затоа Ристески, кој е политички противник на партијата на власт експресно е осуден.