Дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година вечерва повторно се приведени. Според информациите до кои дојде „Република“ доцна вечерва од своите домови се изнесени оние кои вчера беа пуштени да се бранат од слобода.
Како што дознава Република, брутално пред очите на нивните семејства (кои денеска се израдуваа на ослободувањето од притвор на нивните најблиски), ноќва по полноќ повторно биле приведени: Митко Чавков екс-министер во МВР и директор на БЈБ, Душко Лазаров началник на ЈРМ, Митко Пешов началник на гранична полиција, и две лица од Собраниското обезбедување Поповски и Ѓошевски.