Две деца на возраст од 16 и 17 години се ранети денеска во Струмица, откако во нив пукал полицаец. Едното момче е погодено во градниот кош, а другото во нога.
Денеска околу 12.40 часот по претходна пријава за обид за кражба во близина на браната Мантово , полициски службеници од СВР Струмица се обиделе да го запрат возилото Опел Фронтера (со словенечки рег.таб.) управувано од 17 годишно момче, информираат наши извори од истрагата.
Во возилото, според неофицијални извори, биле и четири малолетни момчиња. Според она што го дознаваме неофицијално, малолетниот возач ја игнорирал наредбата на полициските службеници и наместо да го запре возилото ја зголемил брзината и побегнал по локалениот земјен пат во правец на градската капела во Струмица.
По него се упатиле две полициски возила и малолетникот бил принуден да го запре возилото на излезот од Струмица, пишува порталот “Курир.мк”.
Танчо Пројковски- началник на СВР Струмица
Тогаш полициски службеник се упатил кон возилото и, според неговото кажување, кога се приближил до возилото бил нападнат од возачот, по што испукал еден куршум од службеното оружје.
Од куршумот биле повредени малолетниот 17 годишен возач и уште едно 16 годишно момче, кои веднаш биле пренесени во Медицински центар-Струмица, каде од страна на лекар се констатирани повреди од огнено оружје.
Поради тежината на повредите, 17 годишното момче е пренесен во Клинички центар во Скопје.
Новиот директор на БЈБ Лазо Велковски и министерот Оливер Спасовски
Според неофицијални информации, на лице место излегол Јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот е вклучена и Внатрешната контрола на МВР која ја испитува постапката на полициските службеници.
Се преземаат потребните мерки за целосно расчистување на случајот. На лице место се и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од Скопје, велат неофицијалните наши извори од истрагата.
Извор: Курир