Растат тензиите помеѓу Грција и Турција: Ципрас издава воени предупредувања, Турците велат “Грција е мува која се бори со џин”

Премиерот на Грција Алексис Ципрас денеска рече дека Грција нема да толерира никаков потег од Турција, откако крстосувачите на Турција и грчката крајбрежна стража се судрија во близина на спорните островчиња во Егејското Море – пишува британски “Експрес”

“Нашата порака, сега, утре и секогаш, е јасна … Грција нема да дозволи, прифати или да толерира било каков предизвик за нејзиниот територијален интегритет и нејзините суверени права”.

“Грција не е земја која игра игри”, изјавил Ципрас пред присутните во Министерството за транспорт.

За инцидентот кој се случи во понеделникот вечерта кај Имиа, познато како Кардак на турски, секоја страна ја обвини другата за инцидентот.

Турција и Грција се сојузници во НАТО, меѓутоа досега се спротивставија за бројни прашања околу етнички поделениот Кипар, вклучувајќи ја сувереноста над воздушниот простор и прелетувањата над овој остров.

Тие дошле дури и на работ на војна во 1996 година за спорот околу суверенитетот над островите, но тензиите оттогаш се намалија.

Истакнувајќи дека источната граница на Грција е исто така граница на Европската унија, Ципрас рече: “Предизвиците и агресивната реторика против суверените права на земја-членка на ЕУ се исто така удар против ЕУ во целост”.

Тензиите меѓу двете земји се во пораст, бидејќи грчкиот суд ја блокираше екстрадицијата на осум турски војници кои Анкара ги обвини за вмешаност во неуспешниот воен удар против претседателот Тајип Ердоган во 2016 година.

Турскиот советник на Ердоган, вчера, рече дека Грција е “како мува која се бори со џин”.

Главниот советник порача на турскиот канал “ТРТ” дека “без сомнение” САД имаат план да ја натераат Грција да ја нападне Турција, додека турската војска е ангажирана во Сирија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.