Расправија пред казино во центарот на Прилеп, предизвика општ хаос.
Според очевидци двете страни најпрвин започнале расправија, а потоа едно лице од едната страна, со возило се обидело да удри во групата лица од другата страна, при што настанал хаос и летале шишиња.
Луѓето кои во голем број потоа се насобрале околу крстосницата, позната кај прилепчани како “Градска”, велат дека за среќа никој не бил повреден, а двете групи заминале во непознати правци.
Полицијата пристигнала на лице место, но според очевидци не добиле подетални информации за идентитетот на лицата кои биле вклучени во оваа расправија.
Повторуваме, информациите ги пренесуваме од видувањето на очевидци, а причините за расправијата не се познати.