Наместо штедење и кратење на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ во пракса спроведува вистинско расипништво и луксузирање со парите на граѓаните.
Имено, на Електронскиот систем за јавни набавки објавен е оглас за набавка на апетисани ( бадеми, лешници, ореви, фстак), според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Претходно, службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари.
Извор: курир