Македонските млади ракометари до 21 година докажаа дека позитивната енергија и атмосфера сеуште владеат во редовите после големиот пораз од Франција во четвртфиналето.
За тоа говори фотографијата која ни ја испратија после денешниот натпревар.
Денеска Македонија по втор пат ја совлада Русија во разигрувањето за петтото место на Светското првенство во Алжир.
36:27 или огромни 11 гола разлика беше епилогот на денешниот дуел против Русите, кои од Македонија загубија и во групната фаза на ова натпреварување со 29:22.
Младите ракометари ќе треба да одиграат уште еден натпревар за да станат петти во СВЕТОТ. Противникот за Македонија ќе излезе од дуелот помеѓу Тунис и Унгарија, кој се игра во моментов.
А/Г/