Разрешена мистеријата за мумијата која трае со децении: Предок е на познат европски политичар (ФОТО+ВИДЕО)

Мумијата пронајдена во гробиштата на црквата во Базел е идентификувана како богата Швајцарка од 18 век и е предок на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Со тоа повеќедецениската мистерија е разрешена, пренесува агенцијата АП.

Телото на жена е од 1975 година, а кога било пронајдено над него немало надгробен споменик и нејзиниот идентитет бил мистерија.

Како што пренесува Би-Би-Си, ДНК-та која била пронајдена на прстите од нозете открила дека се работи за Ана Катарини Бишоф, член на истакнато семејство од Базел, која починала во 1787 година. Нејзината ќерка се омажила за Кристијан Хуберт Барон Пфефел вон Кригелштајн, предок на британскиот шеф на дипломатијата, Александер Борис де Пфефел Џонсон.

Погледнете го видеото:

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.