Разликата, одговорноста и способноста се видливи: Кога „гори“, СДСМ е по плажи и концерти, ВМРО-ДПМНЕ е на терен рамо до рамо со граѓаните

111

Македонија е соочена со големи пожари веќе подолг период во кој е причинета голема материјална штета, граѓани изгубија свои домови, луѓе загубија живот во пожар, а недостига соодветна реакција на владата на Република Македонија.

Гори на многу места и се нанесува непоправлива штета, а граѓаните се како оставени сами на себе и се надеваат „дека само Господ ќе им помогне“.

Наместо жестока реакција од надлежните достојна за вакви моменти, владата на СДСМ ја докажа уште еднаш својата неспособност која создаде вистински хаос, ненавремено реагирање, кое резултираше со запалени куќи во с. Моглиште, а медиумите информираа и за човек кој го загубил животот во пожар.

222

333

Наместо формирање кризен штаб и координација со работите на терен, министрите на СДСМ се пуштија по одмори, на плажи, на концерти. Премиерот Зоран Заев наместо „генерал на армијата“ од Владата која ќе координира со акциите за помош на населението, во екот на најголеми пожари се шеташе по кафани во Охрид и Струмица.

zaev

Додека на планините низ Македонија ветрот го ширеше безмислосно пожарот, уништувајќи илјадници хектари шума и се закануваше да земе под себе уште многу домови од кои беа евакуирани граѓаните, Заев се сликаше селфи од струмичките планини коментирајќи дека ветерот на нив му пречел, но сепак биле прекрасни. Луѓето избезумени без помош од надлежните не знаеа дали ќе ги изгубат домовите и дали ќе ја дочекаат зората, додека оној кој треба да води сметка за нив, премиерот после попладневното возење мотор, вечерта се релаксираше на концерт во Струмица.

zaev-strumica-open

Оваа катастрофална реакција е најдобар показател за неодговорноста, незнаењето и неспособноста на СДСМ кој без план за реакција создаде вистински хаос. Граѓаните паметат дека работите во кризни моменти умееле да бидат и поразлични.

Во времето на големите пожари во 2007 година владата направи повеќе тимоти кои веднаш се пуштија на терен низ целата држава и преспиваа во други градови, за да бидат директно на терен со граѓаните и да обезбедат помошта и акцијата да течат без застој и координирано.

Во отсуство на реакција на власта, и годинава иако опозиција, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се појави на терен во кој службите под надлежност на Град Скопје заедно со Коце Трајановски водеа борба со огнената стихија. Груевски забележа на тоталната неспособност и неподготвеност на власта за реакција во вакви кризни моменти.

 

За потсетување, при ненадејните катастрофални поплави во скопско минатата година, Груевски и Димитриев веднаш ги прекинаа одморите за да излезат на терен, да координираат и директно на лице место да им помогнат на граѓаните во справување со последиците од катастрофалното ретко невреме кое одзеде многу човечки животи.

Извор : курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.