Работник го воодушеви Путин: „Дојди да те прегрнам„ (ВИДЕО)

Рускиот претседател остана воодушевен од предлогот за враќањето на наградувањето на работничките колективи, пракса позната во поранешниот Советски сојуз.

Преседателот на Русија во рамките на својата посета на Башкирската република, во една фабрика имаше средба со работниците. Таму, еден од работниците го запраша Путин дали може да се врати во пракса доделувањето на награди на работничките колективи.

На тој предлог, Владимир Путин ги изненади сите и со насмевка на лицето на работникот му одговори: „Дозволете едноставно да ве прегрнам“.

Порталот „Уфа 1“открива дека работникот Виктор Богомолов го прашал претседателот за награда, поради успехот на самата фабрика: „Порано постоеше таква традиција – доделување на медали на претпријатијта. Нашиот колектив е награден со два ордени на Ленин и орден на црвено работничко знаме. Претпријатието е сега едно од водечките. Зарем не можете да ја вратите таа традиција?“.

После тоа, Путин се пошегува и го прегрна работникот, но објасни дека таквата пракса која што се применувала во СССР, немала некакво значајно влијание на ефективноста и продуктивноста во фабриките.

Покрај тоа, Путин одговарајќи му на прашањето на работникот, истакнал дека во Русија сега се наградуваат поединци, истакнати работници. Сепак, претседаелот ветил дека ќе размисли за тоа дали треба да се врати советската пракса за доделување на награди на работните колективи.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.