Сигурно некогаш сте отишле во продавница и сте купиле нешто за кое ви било толку срам што сте си рекле дека работата што сте ја купиле не вреди толку за срамот. Но, не се грижете не сте единствени.
Луѓето во незгодни ситуации различно реагираат. Едни се извинуваат, други со шега ја прекриваат непријатноста, трети црвенеат и пропаѓаат во земја од срам…
Една од ситуациите кои кај некои предизвикуваат непријатност е купувањето на „незгодни” производи.
Шампон против вошки
Вошките се чести во градинка и на училиште, и тие ги ужаснуваат луѓето. Тие се почести отколку што мислевте и милиони луѓе од целиот свет купуваат шампон против нив па не постои причина за срам.
Се’ што треба да купите со железни пари
Секој од нас во одреден момент од животот немал доволно пари. Дали некогаш сте требале да купите основни производи, а не сте имале доволно пари, па сте посегнале по касичката и сте зеле ситни железни пари? Веројатно да. Па следува срамот и долгото броење додека позади вас цел ред нетрпеливо ве чека. Не се грижете, не сте единствени.
Производи против ќелавост и првут
Се’ што е против ќелавост и првут кај некои луѓе предизвикува непријатност кога купуваат вакви производи.
Голема количина на алкохол
Никој човек не сака во понеделник попладне да биде виде како купува голема количина на алкохол
Вијагра, кондоми и други интимни производи
Се’ што е поврзано со секс или интимна хигиена кај луѓето постојано предизвикува непријатност. За повеќето луѓе сексот е лична работа па затоа се нервозни кога треба да купат кондоми, лубриканти или такви „играчки”.
Чепчиња, креми за хемороиди, лаксативи
Никој не сака на светот да му разгласува дека има проблем со варењето, а некои лекови едноставно врискаат „Имам дијареа” или „Имам хемороиди”. Немојте да се грижите кога ќе морате да купите вакви лекови бидејќи станува збор за проблеми кои ги мачи секој човек во светот.
Тест за бременост
Околностите за секоја бременост се уникатни. Можеби сте најсреќни на светот поради можноста за бременост, а можеби се надевате дека тестот ќе биде негативен. Како и да е, за многу луѓе е непријатно купувањето на тест за бременост.