РУСКОТО МНР:”Реализацијата на “Тиранската платформа” се заканува со поткопување на уставните темели на македонската државност, на Охридскиот договор и со нови меѓуетнички потреси на Балканот

СООПШТЕНИЕ НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПЕЧАТ НА МНР НА РУСИЈА ВО ВРСКА СО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА АЛБАНИЈА, ЕДИ РАМА, ВО ОДНОС НА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ ОД СТРАНА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

“Обрнавме внимание на изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама дадена на 14 јануари дека Социјалистичката партија на Албанија, на чие што чело е тој, имала врска со формирањето на ”Ослободителната армија на Косово“ и со уследената ”битка за Косово“ во соседната Србија, и дека дала решавачки придонес за донесувањето на законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Република Македонија, според кој албанскиот јазик де-факто добива статус на втор службен јазик.

Ваквата реторика на Еди Рама ја потврдува намерата и понатаму да ја турка одиозната ”тиранска платформа“ создадена со неговото лично учество. Реализацијата на одредбите на овој документ заканува со поткопување на уставните темели на македонската државност, на Охридскиот рамковен договор и како последица – со нови меѓуетнички потреси на Балканот.

Сето тоа е дел од големоалбанските амбиции кои се повеќе се шират и го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на низа држави во регионот.

Давајќи му големо значење на прашањето за употреба на јазиците сметаме дека од принципиелна важност е таквите решенија да се донесуваат врз основа на согласност од сите гранки на државна власт и со широк консензус во општеството”.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.