РУСИЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ: Руското минситерство за надворешни со предупредување при патување во Македонија

Кризниот центар на Министерството за надворешни работи на Русија препорача да се избегнуваат места на масовни собири на луѓе во Македонија, Перу и Доминикана, каде се планираат големи протести

„Македонија – за 27.02 се панирани протести во Скопје. Се препорачува да се избегнуваат места со масовни собирања на граѓани“, се наведува во соопштението на надворешнополитичкиот ресор.

Соопштено е дека треба да се биде внимателен при патувањето во Перу, каде се очекуваат големи протести во Лима. Во Доминикана се очекува голем митинг против бранот беглаци кој пристигнуваат во земјата. Не е сигурно ниту во Каталонија, каде и понатаму се чести протестите, нереди и судирите со полицијата.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.