Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, денеска оствари средба со прилепските спортисти и спортски работници.
На кафе дружба, Ристески им се заблагодари за поддршката и вети понатамошна соработка и унапредување на спортот во општината.
Во друштво со спортистите беше и екс министерот за надворешни работи Никола Поповски, кој денеска беше во посета на Прилеп.
Спортистите и спортските работници истакнаа дека во недела за нив единствен избор е бројот 13, а како причина ги наведоа големите вложување во спортот, спортските клубови и изградбата на повеќе спортски сали, терени за фудбал, тенис, мултинаменски игралишта, но и поради големиот број на предвидени идни поректи во областа на спортот во програмата на Ристески.
А/Г