РИКАЛОСКИ СЕНИОРСКИ ПОЛУФИНАЛИСТ

20170507_141845

На 25 -то Државно Сениорско поединечно првенство во Штип, ППК “Младост96” учествуваше со тројца свои играчи:Рикалоски, Штаргоски и Стомнароски. Најуспешен прилепчанец беше Александар Рикалоски, постигнуваќи успех достоен за почит.Се пласира во полуфиналето и го оствари еден од поголемите успеси,   како на личен, така и на клубски план во сениорска конкуренција, иако сеуште е младинец со 16,5 години.Со пет победи претходно меѓу кои повторно над легендата Миле Петрески, како и во првенствениот натпревар, во полуфиналето играше со новиот сениорски првак на Македонија Петар Костовски од “УГД -Штип” и загуби со рез.4:0. Во борба за третото место исто така загуби од Стојановски од Работнички со резултат 4-2. Третото место беше на дофат, имаше водство, но го испушти пред поискусниот Стојановски. Во финалето Костоски подобар од Апостоловски од “Вардар” со 4-0. Другите играчи на ППК “Младост96” постигнаа солидни резултати. Штаргоски во 1/8 финалето изгуби од Јочкоски од ППК “Младост” со 4-1, но покажа одлична игра. Во 1/4 финалето Јочкоски загуби од Стојановски со 4-3. Додека Стомнароски исто така загуби од Стојановски во 1/16 финалето. На првенството учествуваат околу 60 натпреварувачи. Финалистите се стекнаа со право за учество на Европското првенство во Луксембург кон средината на септември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.