Човек да се запраша мора која е тајната на цврстата вера што кај мојот народсе раѓа при појавата на некое ново лице. Како Месија да се родил, особено ако преку егзибиционистички настапи, „чуда“ прави.
Македонците секој нов лик на политичката сцена како доаѓање на месија го дочекуваат. Да појаснам, месија е оној кој за некаква голема, значајна мисија да извршие предодреден или оној кој се ЗАМИСЛУВА дека за значајна мисија да изврши е предодреден.
Тука дистинкција морам да направам, меѓу единствениот вистински Месија, Господ Исус Христос и лажните месии и пророци, за кои Тој прорекол дека ќе се појавуваат. И, безбели, не погрешил. Историјата сведочи дека такви лажни месии и пророци се појавувале и сеуште се појавуваат.
Нашата сегашност за харизматици, визионери – спасители, односно месии, како да е жедна. Кризните времиња харизма бараат, зашто на луѓето во времиња кризни ориентација и мотивација им се потребни, а особено вера дека харизматичниот лидер разбира колку ним за кризата во која живеат решение им е нужно.
Па така, македонскиот народ, од скаредни лидери разочаран и исцрпен, од безобѕирни арамии,пезевенци и тавтабити, дека под нашето сиво небо се појави месија или пророк поверува, кого Господ од нивата во Муртино го „црпнал“ (ова од самиот „месија“ зборови се, а не мои), и дека токму тој предодреден е македонскиот народ од бедствието да го избави. И народот овој месија за свој „цар“ го прогласи, цврсто верувајќи дека мрачни, режимски времиња зад себе остава, а во очекување на светла иднина.
Е сега, во контекст на ова, не можам една паралела да не направам со настаните кои во Ерусалим пред две илјади и повеќе летасе случиле а во пресрет на празниците кои ни предстојат, кога последната седмица од животот на вистинскиот Месија ја „доживуваме“.
Имено, две реченици мислите ми ги окупираат кои, не само Исусовата животна кулминација ами и животот на секое човечко битие ја омеѓуваат: „Осана! Благословен е Оној Кој во името Господово доаѓа!“ и „Распни го! Распни!“ Меѓу овие две крајности следната, односно Страсната седмица изминува.
Триумфот и пропаста во пакет доаѓаат. На Цветници, Христос по улиците на Ерусалим од мноштво воодушевен народ е дочекан и следен. Народ кој верува дека Тој е вистинскиот Месија, којизраилскиот народ од ропството и немаштијата ќе го избави.
Силен лидер и цар ќе биде. Но, по само една седмица истиот тој народ кој „Осана!“ извикуваше, кога согледа дека Исус не е таков Месија каков што очекуваше, сега со бес и презир исполнет „Распни го! Распни!“ извикува. Дури и некои негови апостоли го напуштаат. И Христос е суден, измачуван, и на крајот распнат!
Паралелата каде е? Па, и со нашиот народ и економскиот месија „црпнат“ од нивата во Муртино нешто слично се случува. Истиот оној народ кој со месеци по улиците го следеше и го величаше,сега со бес и презир е исполнет, и само што не почнал „распнување“ да бара, што ваков таксират го снајде.
Оние кои во рушењето на претходниот „цар“ најгласни беа, интелектуалците иthe creators of public opinion (на јавното мислење креаторите), веќе гласот против лажниот месија и новиот, полош,„цар“ го дигнаа. Големо е разочарувањето.
Народот е запрепастен, со бес и пизма исполнет и по само неколку месеци е повторно на улиците. А кулминацијата допрва ќе следи. Зошто? Па доволен е само бегол опул на досегашното владеење на лажниот месија и го имаме одговорот.
Што мислите, ако оваа влада на лажниот месија народот свој го љуби, за достоинството на својот народ и држава се грижи, за благосостојбата или економијата, за слободата на говор, за зачувување на јазикот, за културата, ако е домаќинска, тогаш прашувам: каква ли би била власта која својот народ и држава не би го сакала и кон народот немилосрдна би била?
Маките на оваа држава и народ само се продлабочија за оваа година како од политички, така и од економски и морален аспект. Веќе секој ден се споменува дека од ветуваните реформи и „животот за сите“ ништо нема. Кредитите и долговите енормно се зголемија.
Трошоци зголемени а минорни, и невредни за спомнување, олеснувања. Нови производствени капацитети нема. Зголемувања на даноци. Партиски вработувања на сметка на квалификуваноста и способноста кои истрошени флоскули станаа. На македонскиот јазик газење и истиснување, аза албанскиот фаворизирање. Недемократско носење на закони и корумпирано судство.
Можам уште цела страницада пополнам набројувајќи, но тука ќе запрам и ќе дополнам само, дека оваа власт за себе впечаток создаде дека огромни ненадоместливи штети, за само една година направи.
Поради сето ова, се’ повеќе се слушаат зборовите: „Да знаев дека вака ќе биде, мојот глас никогаш немаше да го добие!“
Но, зошто сега каење? Зошто грижа на совеста?
„Не знаев, дека вака ќе биде, дека е таков не мислев …“ – тоа не е повеќе убедлив изговор. Уште помалку држат изговорите од типот: „Ами за инает на претходните, мораше да бидат сменети, доста им беше …“. Не! Знаејасите дека ем рушветчија, ем лажен месија е, само што во тоа не сакаа да веруваат.
Да разберам не можам, како овој народ барем еднаш од сопствените грешки не се поучи? Како можеа сите оние интелектуалци и creators of public opinion дека е лажен месијада не го „прочитаат“? Тие што се правдаат дека само сакале претходниот да биде „симнат“, безбели знаеја дека лажниот месијаи рушветчија негов наследник ќе биде. Не алудирам дека не требаше на претходниот и на дел од неговите поданици лекција да им се одржи, но сите требаше за неговиот наследник добро да размислат. Не секоја промена секогаш е на подобро.
Затоа, сите оние кои лажниот месија на тронот да седне придонесоа, оние по улиците најгласните:Студентски и Професорски пленуми, комитетии организации за човекови права, комитети за владеење на правото, шарени, професори, сегашни и бивши новинари, твитерџии …, треба да знаат дека кабаетот е во нив што до ова дереџе дојдовме.
Да, ваистина мнозинството од нив се освестија, иако срамежливо и полека глас и глава креваат, но тоа не е доволно. За да не излезе дека каењето е post festum, треба да знаат дека не е доволно пред компјутер седење и колумни и постови пишување. Не! Како тогаш така и сега, треба на улиците да излезат и „распнување“ на лажниот месија да бараат! И сите оние кои дека погрешиле мислат и што од лажниот месија дозволиле заведени да бидат, а знам дека таквите со зачудувачка прогресија како печурки по дожд се множат, не треба да молчат.
Старата арапска мудрост вели: „Ако еднаш ме прелажеш, нека ти е тебе срам, но ако по вторпат ме прелажеш, тогаш срамот на мене паѓа“.
Бидејќи ова не е еднаш или двапати, а лажниот месија само кога спие не лаже, неговите лаги мора да престанат. Во спротивно сиот срам на наш грб ќе падне, на нашите деца, а гревот кон нашите предци и кон идните поколенија направен, од големи размери ќе биде.
Петната на срам од себе си, од премолчувањето, не ќе можат нашите поколенија да ги истријат. Тука, за пример, судбината на еврејскиот народ низ вековите ќе ја споменам. Нивниот грев, нивниот срам, врз нивните деца, внуци правнуци … до денес се пренесува!
p. s. И душа не грешете помислувајќи дека за претходниот, или за некој друг „цар“ навивам. Јас навивам земјата наша царштина да биде во која народот цар ќе биде, а царот на народот поданик. Поданик кој името, јазикот, идентитетот на народот ќе ги зачува. Поданик кој достоинството на својот народ ќе го запази. Поданик кој за благосостојбата на својот народ ќе се грижи. За таков цар, односно поданик, навивам.
Ако како граѓанин должност да гласам имам, тогаш не смее никој, само затоа што сум свештеник, правото да критикувам и да не молчам да ми го оспорува, особено ако мислам дека иднината на мојата земја и народ е загрозена. Затоа, ова не е политикантство ами родољубие, на човек кој вистински татковината си ја љуби и за иднината на своите деца и поколенија е загрижен.
Пишува:
Протоереј Љупче Петрески