Претседателот на Русија Владимир Путин разреши од должност осум генерали од структурите на Министерството за внатрешни работи, Министерството за вонредни ситуации и Федералната служба за извршување казни на Русија(ФСИН), објавено на официјалниот портал за правни информации.
Претседателот, исто така го смени обвинителот на Република Бурјати Валери Петров и првиот заменик директор на ФСИН Сергеј Сазонов.
Претходните големи промени се случија оваа пролет. Тогаш Путин смени голем број генерали од Истражниот комитет, Министерството за вонредни сутации, Министерството за внатрешни работи и ФСИН.
На порталот не се објавуваат причините за овие промени кои ги прави Путин.