Путин го шокира светот: Руските научници на пат да создадат супер војници кои нема да чувствуваат болка и страв (ВИДЕО)

Владимир Путин го шокираше светот со својот говор на Светскиот студентски фестивал во Сочи, каде посочи дека создавањето на генетски модифицирани војници е следната фаза од воената индустрија. Претседателот на Русија рекол дека овој вид на оружје ќе биде полошо дури и од нуклеарните бомби.

Тој говорејќи пред група од студенти рекол дека научниците во Русија за скоро време ќе го пробијат генетскиот код и ќе создадат нешто “полошо дури и од нуклеарна бомба”.

Toa би значело создавање на “супер војници” кои нема да чуствуваат болка и страв.

“Moже да следат секакви практични последици. Може да се  замисли дека човекот може да создаде човек, не само теоретски, туки и практично”.

Тоа може да биде математичар генијалец, неверојатен музичар или војник, човек кој ќе се бори без страв, сочувство, жалење и болка

Како што можете да разберете, човештвото може да влезе и, најверојатно тоа ќе се случи, во блиска иднина, во  многу тежок и многу одговорен период на своето постоење”, рекол рускиот претседател.

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.