Путин СМРТ за новиот светски поредок: Господарите на светот бесни, Русија се издигна од мртвите и одново е суперсила (ВИДЕО)

Јонас Е. Алексис, американски математичар и филозоф, експерт за американската надворешна политика и историја, напишал мал осврт во кој објаснува зошто Владимир Путин е смртоносна закана за така наречениот Нов светски поредок.

“Знаете ли зошто агентите на Новиот светски поредок и нивните структури ја мразат Русија и Владимир Путин? Затоа што едноставно не можат да го поднесат фактот дека Русија се спротивстави на многу опасни начела, кои се темел и суштина на идеологијата на Новиот светски поредок”, пишува Алексис.

Алексис појаснува дека се’ е всушност многу јасно и едноставно.

Владимир Путин во 2000 година е избран за руски лидер. После точно 18 години на власт, постојат јасни показатели што направил.

Експертот не упатува да ги провериме бројките, за кои тврди дека се најдобар показател на резултатите од долгогодишното работење на лидерот во Кремљ. Меѓутоа, се служи со методологија за која експертите и економистите велат дека е поточна и од обична статистика.

Пред изборот на Путин, Русија имала БДП по жител од 9.889 долари, но според паритетот на куповна моќ. Оваа бројка до 2017 година речиси достигнала тројна вредност и пораснала на 27.900 долари. Русија има најголем БДП по глава на жител помеѓу членките на групата БРИКС, а според оваа пресметка втора е Кина со 16.624 долари, пишува Е. Алексис.

Паритетот на куповна моќ го зема во предвид релативниот трошок за живот и стапката на инфлација, со цел да се спореди животниот стандард во различни земји. Просечната номинална месечна плата пораснала за 11 пати, а од почетокот на владеењето на Путин до денес од 61 скокнала на 652 долари.

Невработеноста се смалила од 13 на 5,2 %. Во истиот период просечните пензии пораснале за повеќе од 1.000 % и од поранешните 20 долари, сега изнесуваат 221 долари.
Price Waterhouse Coopers предвидува дека до 2050 година земјата ќе стане најголема европска економија, оставајќи ги зад себе Германија и Британија.

Руската економија од 1999 година мерено според паритетот на куповна моќ вредела само 620 милијарди долари. Значи, последните 18 години во овие термини руското економско производство пораснало за 600%. Стапката на инфлација од 36,5%, до крајот на 2017 година паднала на 2%. Вкупната вредност на рускиот банкарски систем е зголемена за 24 пати и изнесува 1.430 милијарди долари.

Кога во 2000 година Путин дошол на власт, Русија имала само 12 милијарди долари резерви и била оптеретена со јавниот долг кој бил рамен на производството во земјата. Всушност, изнесувал критични 92,1%. Работите за 18 години значително се промениле, па сега јавниот долг изнесува 19,45%.

“Нискиот долг и брз раст на резервите и помогнаа на земјата да ја преживее економската криза во 2008 година и рецесијата, која поради санкциите и ниските цени на нафтата траеше од 2014 до 2016 година”, додава Јонас Е. Алексис.

Очигледно е дека агентурата на Новиот светски поредок не им се восхитува на овие успеси, затоа, според нивното мислење, Русија е закана за нивниот опстанок.

Дури и западните корпоративни медиуми признаваат дека поддршката на Путин е астрономски висока.

“Запрашајте се кога последен пат еден американски претседател имал поддршка од 86%. Кој е тој претседател? Доналд Трамп? Барак Обама? Џорџ Буш? Клинтон?… Зошто агентурата на Новиот светски поредок и западните медиуми упорно шират глупости дека Русите живеат под репресивен режим? Зарем тие луѓе мислат дека уште можат да ги управуваат сите луѓе на светот?”, прашува американскиот експерт

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.