Путин: Писменоста во Русија дојде токму од македонската земја (ФОТО)

„Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда“-стои на страницата на рускиот претседател

 

13

На официјалната страница на рускиот претседател Владимир Путин се објавени детали од средбата со неговиот македонски колега Ѓорге Иванов. Во делот каде што се говори за словенските браќа Кирил и Методиј, Путин објаснува дека писменоста во Русија дошла од македонската земја.

„Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда“-стои на страницата на рускиот претседател.

1

На овие зборови Иванов одговори дека „денеска се слави споменот на сесловенските просветители  Кирил и Методиј, кои се наши духовни учители“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.