Прочуениот нарко бос ЕЛ ЧАПО побудалел во затвор: Го изгубил помнењето и почнал да халуцинира

Њујорк – Адвокатите на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман познат како “Ел Чапо”, тврдат дека неговото ментално здравје се влошува во американскиот федерален затвор во Њујорк поради рестриктивните мерки кои се применуваат врз него, пренесува Еј-Би-Си.

Адвокатите тоа го навеле во барањето за психолошка проценка на здравјето на нивниот клиент, кое го доставиле до судот.

Американската телевизија потсетува дека “Ел Чапо” во затворот се наоѓа од јануари и дека врз него се применуваат рестриктивни услови, познати како специјални административни мерки.

Адвокатите тврдат дека “Ел Чапо” повеќе не може да се сети на луѓе, места и случувања, се жали на халуцинации и дека е прогонуван од такви појави, тврдејќи дека владата го снима додека се наоѓа во ќелија.

Адвокатите побарале “Ел Чапо” да се прегледа на невропсихијатар и предупредуваат дека доколку тоа не се направи, неговото здравје би се влошило до тој степен што тој не би бил способен за судење.

Водачот на нарко-картелот “Синалоа” има побегнато од два затвори во Мексико, во кои безбедноста била на највисоко ниво, а потоа повторно беше уапсен и екстрадиран во САД.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.