Професорката Иванка Василевска ги повика сите Македонци да додадат Македонски кон нивното презиме

Фото: ТВ НОВА

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иванка Василевска упати повик до сите да го променат своето презиме во Македонски/Македонска или пак ова да го додадат на своето презиме. Нејзиниот предлог предизвика позитивни коментари на социјалните мрежи и наиде на масовна поддршка.

Корисниците на Фејсбук активно го споделуваат нејзиниот статус и го поздравуваат овој нејзин повик.

“Непристојни предлози бараат пристоен одговор. Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да го додадеме презимето Македонска/ски. Ајде да видиме како функционира ефектот на пеперутката и како ќе не преименат кога ние сите заедно како индивидуи ќе си го ставиме името и ќе си го браниме идентитетот. Ве повикувам сите да одвоите од своето време и да го спасите своето достоинство”, напиша професорката на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.