Тужбите против канцеларката се покажаа како неосновани, изјави портпаролката на канцелариијата на сојузниот обвинител Фрауке Келер.
Од почетокот на бегалската криза во 2015 година, па досега, покренати се повеќе од 1.000 тужби за велепредавство против германската канцеларка Ангела Меркел.
Повеќето тужби се поднесени од страна на приврзаниците на десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија, што на следните избори би можела да ги освои првите пратенички мандати во федералниот Парламент.
– Тужбите против канцеларката се покажаа како неосновани, изјави портпаролката на канцелариијата на сојузниот обвинител Фрауке Келер.
Сојузното обвинителство во градот Карлсруе во југозападниот дел на Германија, е одговорно за истрагата за државната безбедност, а согласно германскиот закон е задолжено да ги разгледа сите кривични тужби што се однесуваат на таа тема.
Одлуката на Меркел да дозволи влез во земјата на повеќе од милион азиланти во 2015 и 2016 година, предизвика пад на популарноста на нејзината Христијанско-демократска партија, но нејзината лична популарност е во пораст со намалувањето на интензитетот на мигрантскиот бран.