Промовирана книгата „Мариово низ вековите – хроника за три периоди„ (ФОТО+ВИДЕО)

_MG_8761

Пред присутните гости, граѓани, пред прилепчани, во библиотеката “Борка Талески“ беше промовирана книгата „Мариово низ вековите – хроника за три периоди“. Текстот во три книги го напишал,  Милан Ристески, во средината на осумдесетите години додека ги истражувал архивите на поранешна Југславија, но и во соседните држави. Книгата „Мариово низ вековите – хроника за три периоди“ е во редакција на син на авторот, Драган Ристески, кој  вели:

  • Мариово како област е познато, но не е позната неговата историја. Историјата не се пишува одеднаш, без документи и факти. Затоа книгата започната е да се пишува во 60-сетите години на минатиот век, а нашата задача е да ја објавиме. Од петте напишани хроники на мојот покоен татко ова е третата која е објавена. Остануваат уште две, за с.Плетвар и за с. Бакарно Гумно – рече синот Ристески.

Книгата „Мариово низ вековите – хроника за три периоди„ од Милан Ристески, преставува плод на обемна истражувачка и теренска работа на собирање на историските податоци за настани што се случувале во Мариово во еден подолг временски период. Книгата опфаќа три периоди од историското минато на Мариово: првиот од потпаѓањето на мариовскиот предел под турска власт до Балканските војни, вториот од 1912  до 1941 година, и третиот после Втората Светска војна.

_MG_8722

  • Книгата „Мариово низ вековите – хроника за три периоди“ ќе преставува уште едно капитално дело кое ќе ја збогати ризницата книги што го опшуваат Прилеп и Прилепскиот регион, а посебно Мариово, како една од поголемите области во Македонија, кој плени со својата мистичност и конфигурација. Ова дело ќе остане за идните генерции како хроника,но и за понатамошно истрување на мариовскиот крај – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој со голем интерес присустуваше на промоцијата.

_MG_8745

Издавач на книгата „Мариово низ вековите– хроника за три периоди„ е ЈОУ библиотека “Борка Талески”.

_MG_8768

  • Градската библиотека „Борка Талески“ продолжува со издавачка дејност и како инстиуција сме горди на ова дела кое ја раскажува традиција, историја и култура на мариовскиот крај.Наскокоро ќе ја издадеме и книга за Шаќир Војвода, кој бил секретар на Толе Паша, за настани кои досега не биле објавени и се чувале во МАНУ– рече директорот на библиотека “Борка Талески”,Петар Петрески

Промотор „Мариово низ вековите – хроника за три периоди“ беше Слободан Беличански, кој ја истакна важноста на оваа книга.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.