Проговори најдобриот пријател на Јелена: „Неможам веќе да молчам, ова е вистината“

Два дена пред убиството присуствував на една кавга меѓу Јелена и нејзиниот сопруг Зоран. Се караа и претходно, но овојпат Зоран и викаше: Цркни, не ми е грижа! А Јелена му одговори: Подобро да умрам отколку вака да живеам. Се обидов да ги смирам, но не вредеше. Не ни помислив дека тогаш последен пат ќе ја видам. Како да знаеше дека ќе биде убиена, изјави за Курир најдобриот пријател на Јелена.

„Не можам повеќе да молчам. Одлучив да кажам што се случува меѓу нив, не само таа вечер кога ги слушнав да се караат туку и претходно, вели пријатлеот на Јелена кој не сакаше да го каже своето име

Тој вели дека на почетокот било се во ред.

„Имаа убав брак, добија и ќерка Јана. Убаво се согласуваа, изгледаше дека се е во ред. Во последно време се се промени. Почнаа често да се караат. Ми беше непријатно да присуствувам на нивните кавги. Меѓутоа, никој од нив не ми кажа која е причината за нивните недоразбирања, вели пријателот на Јелена.

Според него до кулминација дошло два дена пред Јелена да биде убиена.

Една вечер излеговме со неколку пријатели. Тогаш сфатив колку се влошил нивниот однос. Јелена нешто му кажа  на Зоран кој и одговори: Ма цркни, гајле ми е. А Јелена низ солзи му одговори: Подобро да умрам, отколку вака да живеам. Преку глава ми е од понижувања и малтретирања, изјави соговорникот за српски Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.