Прогноза каква никој не очекуваше: Какво ќе биде времето до крајот на март

Времето денеска беше претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини имаше појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот се движеше во интервалот од 5 до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.

Според најавите на метеорологот кој го консултирале, српски Информер пишува дека на почетокот на март се враќа зимата.

Според него февруари не очекува топла зима, но тоа не значи дека завршила.

– Честите промени на топли и свежи денови ќе трае до крајот на февруари, а потоа тоа ќе не изненади Баба Марта! Веќе во првите денови на март ќе имаме уште еден бран на зима. Наутро ќе биде студено со мразеви и температура околу нулата, а во некои области ќе има и помалку. Максималната температура нема да го надмине 6-от степен. Во овие денови можно е да има снежни врнежи, особено на планините – вели тој.

Со оваа прогноза се согласуваат и вработените од РХМЗ во Србија, чии долгорочни временски прогнози велат дека на почетокот на март ќе има драстичен пад на температурата, наведува српски “Информер”!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.