Притвор и за Горан Ангелов – предводникот на патриотското здружение “Андон Ќосето”

Кривичниот суд во Скопје го прифатил барањето на обвинителството и му изрекол притвор и на Претседателот на македонското патриотско здружение “Андон Ќосето”, Горан Ангелов.

Информацијата за тоа е пренесена на неговиот фејсбук профил.

Претходно притвор добија актерот Владо Јованоски, оперскиот пејач Игор Дурловски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиески, а куќен притвор беше изречен за пратеничката Жаклина Пешевска и Борис Дамовски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.