Принцезата Дијана две децении по смртта повторно во центарот на вниманието

princess-diana-reuters

Од телевизиски документарци и лични сеќавања на нејзините синови до нови теории за заговор за сообраќајната несреќа во Париз во којашто го загуби животот, британската принцеза Дијана и дваесет години по смртта повторни ги исполнува насловните страници на весниците.

Принцезата Дијана загина на 31 август 1997 година, кога автомобилот во кој била заедно со тогашниот партнер египетскиот милионски наследни Доди ал-Фајед се заби во столб во парискиот тунел, бегајќи од папараците кои ги следеле на мотоцикли.

Првата сопруга на престолонаследникот на британскиот престол, принцот Чарлс, Дијана беше блескава принцеза во центарот на кралската сапуница играна пред светските медиуми, што веројатно ја претвори во најпозната жена на светот во тој период, забележува Reuters во својот прилог од саботата.

Нејзината смрт предизвика најголемо излевање на тага во модерната британска историја. „Никогаш нема да има некој како Дијана“, вели Ингрид Севард, главна уредничка на списанието Majesty и авторка на книгата „Diana: The Last Word“.

 

Повторно во фокусот

Претходните годишнини од смртта на принцезата Дијана минуваа со помалку внимание на јавноста и особено на медиумите, сугерирајќи дека „народната принцеза“, како што беше нарекувана од тогашниот премиер Тони Блер, помалку загубила од својата привлечност за јавноста.

„Имаше период на почетокот од векот кога за Дијана малку се зборуваше“, изјави неодамна нејзиниот личен телохранител Кен Вејрф. Меѓутоа, како што се приближува 20-годишнината од париската несреќа, Дијана се враќа во фокусот.

Една од причините, секако, е тоа што нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари сѐ поотворено зборуваат за траумите предизвикани кога на мала возраст ја загубија мајка си.

la-et-st-diana-our-mother-review-640x360

Во документарните филмови емитувани последните половина година, сега 35-годишниот принц Вилијам изјави дека шокот предизвикан од загинувањето на мајка му и натаму е во него, додека три години помладиот принц Хари изјави дека во своите дваесетти години барал стручна помош за да може да се справи со загубата на родителот.

„Таа и натаму е нашата мама. Секако дека како син мислам дека беше најдобрата мајка на светот. Нѐ опсипуваше со љубов“, вели Хари во интимната исповед во документарниот филм „Diana, Our Mother: Her Life and Legacy“.

 

Наследството на Дијана: Монархијата на XXI век

Речиси десет милиони Британци го гледале споменатиот документарен филм, а вториот под наслов „Diana In Her Own Words“, прикажан претходно во август, го гледале уште дополнителни 3,5 милиони луѓе, што претставува најгледаната емисија на телевизискиот канал Channel 4 оваа година.

Тогаш на британска телевизија првпат беше прикажан разговорот меѓу принцезата Дијана и нејзиниот терапевт за сексуалниот живот со принцот Чарлс и тагата предизвикана од распадот на нивниот брак.

Слични емисии беа прикажувани или се подготвуваат во моментов и во Америка, каде што Дијана имаше м ногу обожаватели од нејзината венчавка како од бајките со Чарлс во 1981 година, па сѐ до нејзината смрт. Околу 33 милиони Американци го гледале директниот пренос од нејзиниот погреб во 1997 година.

methode

Деновите на нејзиното загинување беа едни од најмрачните во долгото владеење на британската кралица Елизабета Втора, популарноста на монархијата затресена, а многу Британци гневни на начинот на којшто кралското семејство се однесуваше кон Дијана.

Тој анимозитет особено беше насочен кон принцот Чарлс и неговата долгогодишна љубовница, а подоцна и сопруга, Камила Паркер Боулес. Тоа го потврдува и неодамнешната анкета на агенцијата ICM и таблоидот The Sun којашто покажа дека само 22 отсто од испитаниците го сакаат Чарлс за британски крал. Другите сметаат дека круната би требало да прескокне едно поколение и да биде ставена на главата на Вилијам. Исто така, само 27 отсто сакаат некакви кралска титула за Камила Паркер.

„Сеќавањето може да отвори стари рани и ги отвора. Луѓето брзо забораваат и не верувам дека ова ќе има потраен ефект“, вели Севард која смета дека интересот за Дијана ќе спласнува по поминувањето на годишнината од нејзината смрт.

Наместо тоа, таа и другите коментатори истакнуваат дека трајното наследството на Дијана е поотвореното кралско семејство. „Таа започна, а нејзините два сина продолжуваат да ја водат монархијата во XXI век. Тоа е нејзината иднина“, заклучува Севард.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.