Прилеп ќе го добие еден од најубавите плоштади во Република Македонија – Погледнете како ќе изгледа! (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Марјан Ристески, го претстави новиот проект кој во неговиот нов мандат ќе го добијат прилепчани.

Се работи за плоштад околу црквата Св. Благовештение или Стара Црква, а истиот опфаќа партерно уредување со гранитни плочки, зелени и водени површини, како и урбана упрема, на површина од 4500-5000 метри квадратни околу овој свет храм.

Ристески најави дека ова ќе биде еден од најубавите плоштади воопшто на територијата на Република Македонија. Проектот опфаќа и целосно уредување на улицата “Републиканска”, а плоштадот ќе се простира и надвор од дворот на црквата се до галеријата за икони.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.