Прилеп станa привлечна мета за странски и домашни инвеститори (ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Прилеп полека, но сигурно, станува мета како за странските така и за домашните инвеститори. Во 2016-та година се изгради комплетно инфраструктурата во Слободната економска зона – ТИРЗ Прилеп, инвестиција на Дирекцијата за технолошко индустриски зони и Владата на РМ, тешка 147.600.000 денари. Со што се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациона мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

12121231414

Во ТИРЗ Прилеп започна со работа мултинационалната компанија, американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра каде во моментот работат околу 1.000 работници. Со отворањето на уште 2 нови хали тенденцијата е тука да бидат вработени околу 2.000 луѓе. „Гентерм“ произведува делови за најпознатите светски брендови на автомобили.

6305-vo-prilep-se-otvori-fabrikata-genterm-vredna-20-milioni-evra-960x600-20

Во 2016  во ТИРЗ Прилеп се изгради и објектот на германската компанија „Акомпласт“ која веќе започна со работа. Вкупната инвестиција изнесува 3 милиони евра. Во оваа фабрика треба да се вработат околу 250 лица. Исто и „Акомпласт“ планира да гради уште 2 нови хали.

Влез во ТИРЗ Прилеп најави и германскиот гигант ВИК. Тоа ќе биде првата еколошка или „зелена фабрика“ во Македонија, прва од ваков вид во земјава. Капацитетот ќе се простира на 10.000 м2, а почетната инвестиција ќе изнесува околу 12 милиони евра. Изградбата на објектот се очекува да започне во текот на оваа година, во првата година би се вработиле 400 лица, со тенденција во период од 2 години таа бројка да се искачи на 1.000.

_MG_9577

Во Прилеп влезе уште еден огромен светски бренд, а тоа е компанијата „Филип Морис“, која направи стратешко партнерство со Тутунскиот комбинат од Прилеп и се отвори новото претпријатие „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп доо Скопје“. Со ова се очекува стабилизирање на работењето на ТКП и зголемување на профитот.

^BDB5EF225280B22EA225F95403C7065A84A0AC5EFFF6041BED^pimgpsh_fullsize_distr

Се изгради поголем дел од инфраструктурата во Индустриската зона Прилеп 1 со средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа во висина од 27 милиони денари како и гранд од Светска банка во висина од 124 илјади евра. Во оваа зона претходно беа продадени 21 локација. Во зоната моментално со работа се започнати две компании, а уште десетина се во изградба. Оваа зона во иднина се очекува да обезбеди над 1.500 вработувања.

IMG_5399

Изработен е новиот ДУП за Индустриската зона Прилеп 2 каде веќе се продадени 5 локации од вкупно 14 за изградба на помали економски капацитети (стоваришта и мало стопанство) кои во иднина ќе овозможат нови вработувања, а продажбата на локациите ќе продолжи и во текот на оваа 2017-та година. Моментално 7 локации се во фаза на продажба.

[Best_Wordpress_Gallery id=”508″ gal_title=”IndustriskiZoni”]

Општината има исто така одлична соработка со домашните инвеститори кои се столбот на прилепската економија. Локалната самоуправа претставува сервис и поддршка домашните компании за реализацијата на нивните бизнис планови, преку брза изработката на деталните урбанистички планови, брзо спроведување на барањата за легализација, заедничка промоција на потенцијалите и реализација на бизнис средби.

Во 2016 година започна имлементацијата на измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план со кого опфатот на градот е зголемен за 388 хектари. Со новиот ГУП се обезбедени поголеми површини во зоните за домување и индустрија со што се нуди поголема развојна урбанизација на Прилеп според потребите на граѓаните и бизнис секторот.

lkshgkjk

Значи со новите Детални урбанистички планови освен индустриските зони Прилеп 1, Прилеп 2 и Прилеп 3, се планираат уште две нови зони Прилеп 4 и Прилеп 5.

Сите овие инвестиции како и мерките од АВРМ и Владата придонесоа во периодот од 2005 до 2017 година во Прилеп да се случи рекордно намалување на невработеноста. Во 2005 година биле регистрирани 25.033 невработени лица, а во 2017 се регистрирани 13.835 невработени лица. Што значи невработеноста за периодот од 2005 до 2017 година е намалена за 11.198 лица.

Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп и експресниот пат Прилеп – Градско преку Плетвар ќе се зголеми и конкурентноста за привлекување и влез на домашни и странски инвеститори не само на Прилеп туку и за целиот Пелагониски регион.

Гасоводот веќе се гради во Тројачката котлина, во близина на Прилеп, Овој гасовод, чија првична изградба започна во јануари оваа година, ќе биде со должина од 92 км., а инвестицијата е вредна 36 милиони евра. Изградбата на гасоводот треба да заврши во 2019 година, а во втората половина од 2018 година се очекува да помине покрај Прилеп. Гасификацијата за градот ќе значи многу за подобрувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, намалување на трошоците за енергенси, подобрување на економијата во градот и заштита на животната средина.

6817-vo-trojackata-kotlina-zapocna-izgradbata-na-del-od-gasovodot-negotino-prilep-bitola-960x600-3

Должината пак на експресниот пат Прилеп-Градско ќе изнесува 33,5 км. Проценета вредност на буџетот за инвестицијата изнесува 80,7 милиони евра. Предвидениот рок за изградба е 2016 – 2019 година, а изградбата на патот е поделена во три фази. Моментално интензивно се гради втората фаза од овој пат во должина од 10 км. која се протега од селото Фариш до Дреновската клисура, делница која чини околу 31,4 милиони евра.

PRILEP-GRADSKO 01

Прилеп подготвен за влез на нови инвеститори !




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.