Прилеп на пат да добие уште еден БАЛКАНСКИ ШАМПИОН: Константин Василески утре во ФИНАЛЕ!

На Балканското првенство во карате за кадети и јуниори помлади од 21 година, кое се одржува во Херцег Нови, Црна Гора, младиот прилепчанец Константин Василески утре ќе се натпреварува во големото финале во категорија -67 килограми.

На патот до финалето Константин денеска ги победи Кручеру Андреи од Молдавија, Ченај Или од Косово, Халиловиќ Адис од БИХ и Денис Муратчан од Турција.

За противник во финалето нашиот Константин ќе го има Кондиќ Лука од Хрватска.

Ова е уште еден голем успех на ова Балканско првенство за прилепчани, со оглед на тоа дека денеска сестрите близначки Мишела и Маријана Димоски ги освоија првите две места во конкуренција на кати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.