Прилеп на кој денес му се восхитуваме: Пред 12 години прилепчани шетаа со наведнати глави, денес се горди домаќини (ГАЛЕРИЈА)

Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови е  најмладото  јавно претпријатие во Прилеп. Истото е задолжено за повеќе дејности, но најприоритетната дејност му е да се грижи за урбаниот дизајн, просторниот и урбан развој на градот и Општина Прилеп.

BeFunky Collage

Градежната експанзија која ја доживеа Прилеп во последните дванаесетина години во голема мера е плод на реализацијата на проектите на ова јавно претпријатие.

Плоштадите во центарот на градот, фонтаните, парковските површини, ревитализацијата на фасадите, новата општинска зграда, училиштата, градинкит, спортски објекти, градскиот превоз, паркинзите како и многу други објекти кои никнаа во последниве години на градот му дадоа нов сјај и европски лик кој што овој град го заслужува. Ова јавно претпријатие заедно со локалната самоуправа му даде препознатлив лик на Прилеп и го внесе во 21 век, што е препознатливо како за нас така и за туристите кои го посетуваат градот.

^4F7D9BCC4B2EB6696534CCDDF07AE11F7887A197D37CFFF1FC^pimgpsh_fullsize_distr

_DSC1724

00008

3499-revitalizacija-na-kompleksot-mogila-na-nepobedenite-960x600-14

3499-revitalizacija-na-kompleksot-mogila-na-nepobedenite-960x600-15

Со постоењето на ова претпријатие граѓаните преку своите урбани заедници и Советот на Општина Прилеп добија ексклузивна можност да учествуваат во разубавувањето на својот град преку свои идеи и проблематики кои се преточуваа во проекти, а потоа и во реализирани целини.

^35659CF7345759B474A42CAB5971A5B7A2EE74B94FC1DD64CC^pimgpsh_fullsize_distr

_MG_0918

Таков е примерот со ревитализацијата на Паркот на Револуцијата кој беше идеа на нашите сограѓани. Друг значаен проект кој беше на барање и идеја на граѓаните е мултимедијалното плато и туристичките патеки до цркви и манастири во населбата Варош, потоа градскиот превоз, паркинзите како и голем број на други покрупни и поситни проекти.

154685

3215752

Не случајно и други градови во Македонија побрзаа да го земат примерот од Прилеп и да формираат вакви или слични претпријатија и да реализираат слични проекти како Општина Прилеп.

11111 plostad kaj gradskiot saat 2

ЈП за ПУП е директен изработувач и на Генералниот урбанистички план на градот кој е врховен урбанистички документ во градот кој обезбедува негов развој во целост во наредните десет години. Во него се предвидува развој на зоните за домување, зони за рекреација и спорт, зони за јавни објекти, беа возобновени старите и беа предвидени нови индустриски зони и сите останати други функции кои му се потребни на градот сега и во наредните десет години.

Со ГУП се создава предуслов непречено да се изработуваат детални урбанистички планови со кои се конкретизираат сите плански предвидувања со ГУП-от.

1254542

Јп за ПУП e формирано со Одлука на Совет на Општина Прилеп на 09.07.2004 год.и од фирма на само еден вработен, сега е значаен правен субјект со преку сто вработени лица и со широк радиус на дејство од архитектонско урбанистичко проектирање преку раководење со платечкиот паркинг до организација  и менаџирање со Јавниот Градски превоз.

Ова одделение го сочинува спој на млади и искусни инженери докажани во струката, а резултатот на работата на ова одделение се веќе реализираните проекти кои на Прилеп му дадоа нов сјај и изглед достоен на еден европски град.

15345845

13547574

Mал дел реализираните проекти се :

354755421

DSC_3494

DSC_3426(1)

-Плоштадот Александрија со површина од 5.000 м2, реализација во 2005 и 2006 година, со прва современа фонтана во Македонија и споменикот на Александар Македонски.

-Ревитализацијата на Паркот на револуцијата во 2007 и 2008 година

Fontana na plostad Aleksandrija

fgse

– Во населба Варош во 2007 и 2008 година се изгради мултимедијалното плато и туристичката патека до сите цркви и манастирот Св.Архангел Михаил во должина од 2.000 м2.

IMG_2571

-Малиот плоштад во старата чаршија посветен на Итар Пејо, во 2007 година

Rekonstrukcija na stara carsija_01

-Цветните патеки во старата чаршија во Прилеп (2008-2009 година), улиците „Илинденска“ и „Републиканска“ во периодот од 2008-2012 година. Уредувањето продолжи со улицата „Јане Сандански“, „8 ми Март“ и „Херој Карпош“ се до малиот плоштад посветен на прилепскиот и Македонски револуционер Пере Тошев со вкупна површина од над 8.000 м2.

-„Арт плоштадот“ пред центар за култура Марко Цепенков кој започна со отворање игралиште за шах, потоа продолжи со патеката на славните и колонада од скулптури од прилепската уметничка колонија, и завршува со скокачката фонтана и скулптурите на прилепските литературни великани: Марко Цепенков, Блаже Конески и Круме Кепески (реализација во фази од 2008 до 2012).

FUN_6221

FUN_6231

– Реконструкција на плоштадот Методија Андонов Ченто во 2011 и 2012 година.

– Се изгради и плоштад со кружен тек и скулптура посветена на борците од Карпалак.

20211_3952529460723_1472036155_n

– Кај хотелот Липа се изгради кружен тек со партер и скулптура посветена на Прилепските Бранители низ  историјата

_DSC1724

–  Во 2014 година се реконструираше плоштадот под Градскиот саат.

11111 plostad kaj gradskiot saat 2

– Реконструкција на паркот во близина на судот.

– Изградба на нови паркови во населбите Точила и Ѓогдере, како и изградба на парк во с. Големо Коњари и парк  во с. Мало Коњари.

FUN_9549 park kojnari 1

– Реализација на проекти за паркови во с. Беровци и с.Селце.

– Се изработи и идејно решение за комплекс за екстремни спортови во Старо Лагово (мото крос, картинг,патека ,пеитбол,боулдеринг и друго.

\JPPUPSERVERCommonRABOTEN14_054_Motokros Lagovo�1_kompleks�1_KOMPLEKS ile (1)

Од високо градбата ЈП за ПУП има изработено проекти за:

– Новата Општинска зграда (реконструкција и адаптација 2008-2010 година).

– Царински терминал ЈКП Комуналец.

– Покривање на градскиот пазар.

– Адаптација и пренамена на Противпожарен дом.

– Црквата Св.Петка во населба Точила со камбанаријата и трапезаријата (2008-изведбата е во тек).

sv petka 05

– Капелата во старите градски гобишта, чија изведба е во тек.

Kapela Stari grobista

– Во населбата Сточен пазар се гради училиште.

– Се планира реконструкција и покривање на градскиот стадион.

– Хала за преработка на комунален безопасен отпад за потребите на ЈКП Комуналец – изведбата е во тек. И многу други проекти за потребите на останати правни субјекти.

Render Recycling_07

ЈП за ПУП  се јавува како изработувач на врховниот урбанистички плански документ – односно Генералниот урбанистички план на градот со кој е проектиран идниот развој на градот во наредните десет години.

Генералниот урбанистички план е плански документ во кој на градот му се дава можност за развој во секоја смисла: Развој на инфраструктурата (патна мрежа, водовод,канализација,електрична  и најново гасоводна и оптичка мрежа).

Revitalizacija na korito na gradska reka_02

Rekonstrukcija na bulevar Goce Delcev_02

Се потврдуваат постојаните и се обезбедуваат нови зони за развој за останатите градски функции: домување  индивидуално и колективно, зони за изградба на јавни објекти, (училишта,болници, детски градинки,старски домови и други).

Зони за рекреација парковско и заштитно зеленило, работни и индустриски зони и друго.

ГУП е предуслов за изработка на детални урбанистички планови во кои се конкретизираат сите планерски идеи од Генералниот урбанистички план.

ЈП за ПУП се јавува како изработувач – на голем број на детални урбанистички  планови во рамките на градежниот опфат на градот , од кои ќе наброиме само неколку:

– ДУП за стамбена населба „Градина“

-ДУП за индустриска зона „Прилеп 1“ (наспроти силосите на „Жито Прилеп“и цигарната фабрика).

-ДУП за „Стара Општина“

Во тек на процедура се изработка на ДУП за површините на поранешните:

-Индустриски комплекс „Црн Бор“ кој се простира на 35ha.

-Индустриски комплекс „Партизанка“ на 15ha.

-И индустриска зона спроти „Црн Бор“ која ќе биде со големија од 30ha. Како и многу други.

Ова се само дел од активностите на одделението за проектирање и урбанизам на Јавното претпријатие за просторни  и урбанистички планови.

Идеи проекти кои граѓаните може да ги очекуваат:

-Партерно уредување на црквата Св.Атанасиј во Варош.

Parterno ureduvanje kaj crkava Sv.Atanasij_Varos_03

-Стадионот кај фабриката Металец кој се планира да стане современ тренинг центар.

Izgradba na stadion vo Metalec

-Спортски терен за мали спортови во населба Ѓогдере ( втора фаза).

-Мини голф игралиште во Паркот на револуцијата.

Izgradba na mini golf teren na Mogila_02

-Нови мостови на градската река и реконструкција на постоечките.

-Нова туристичка населба во близина на Вештачкото езеро.

-Средување на парковските површини во населба Точила,Бончејца и многу други проекти.

ЈП за ПУП заедно со секторот за урбанизам при Општина Прилеп во наредниот период се спремни да претставуваат значаен фактор за развој на градот на задоволство на сите жители на Општина Прилеп.
Со сите овие проекти ЈП за ПУП ќе продолжи и понатаму да биде главниот креатор на урбаниот лик на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.