Вистинско море од народ му се случи синоќа на Прилеп. Концертот на Ален Исламовиќ на фестивалската сцена во Прилеп беше вистинско доживување и нешто што со сигурност ќе се памети.
Балканската ѕвезда пееше со срце и душа и ги потсети присутните на многуте хитови со кои пораснале цели генерации на бившите екс ЈУ простори.
Беше прекрасно да се биде во градот под “Maрковите Кули” синоќа, а за сите оние кои пропуштија вечерва следува третата фестивалска вечер. Настапуваат Анабела, Елена Велеска и Харис Џиновиќ.
А/Г/