Прилеп го одбележа државниот празник Илинден

6991-prilep-go-odbeleza-drzavniot-praznik-ilinden-960x600-38

Со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјата на „Методија Андонов – Ченто“, „Кузман Јосифоски – Питу“, „Ѓорче Петров“, „Пере Тошев“ и на „Могилата на непобедените“, делегации од Локалната самоуправа, Совет на општина Прилеп, Здружението на борци, претставници од политичките партии, невладини организации и група граѓани им одадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дале животот за слободна и независна Македонија.

6991-prilep-go-odbeleza-drzavniot-praznik-ilinden-960x600-31
„ Оваа година, Република Македонија одбележува 114 години од Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ. Илинденциве и илјадници други борци биле жртви токму за оваа независна и самостојна Македонија во која денес живееме“, кажа Силвана Пашоска Советник во Советот на општина Прилеп.

6991-prilep-go-odbeleza-drzavniot-praznik-ilinden-960x600-18
„Денеска им оддаваме почит на Ченто, Питу, Ѓорче,… како и на другите борци кои го дале животот за Македонија“, рече Љупчо Попоски, претставник на организација на борци од Прилеп.

6991-prilep-go-odbeleza-drzavniot-praznik-ilinden-960x600-19
Честика по повод празникот „Илинден“ упати и градоначалникот Марјан Ристески кој посочи дека:
„ Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија опстојува Република Македонија.

6991-prilep-go-odbeleza-drzavniot-praznik-ilinden-960x600-24Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, а наша обврска е да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество“, посочи Ристески во честитката.

6991-prilep-go-odbeleza-drzavniot-praznik-ilinden-960x600-1
Оваа година, Република Македонија одбележува 114 години од Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.