Пуштени се во употреба привите подземни контејнери во Општина Прилеп. Контејнерите се поставени во ЈП „Пазари„, онаму каде првично се најпотребни и каде најмногу има отпад. Подземните контејнери ќе придонесат за подобрување на хигиената во градскиот пазарот во Прилеп, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој денеска беше во разгледување на овој проект.
– Започнавме со проектот на поставување на подземни контејнери, во централното градско подрачје. Првите ги поставивме таму каде што најмногу има потреба, во градскиот пазар. Меѓутоа, ова е само почетна фаза во инсталацијата на подземни контејнери во градот. Во иднина вакви контејнери се предвидени да бидат поставени на повеќе локации: во близина на плоштадот „Итар Пејо„, позади Бизнис центарот, во близина на двете катни гаражи, кај НУЦК „Марко Цепенков„ околу големите маркети во центарот на градот, како и во близина на општинската зграда. Овие подземни контејнери, значително ќе ја подобрат хигиената во градот. Ова не е последен проект за ЈП „Пазари„ Досега имаме инвестирано повеќе стотици илјади евра во градскиот пазар со што, од еден руиниран пазар прерасна во еден од најмодерните зелени пазари во Македонија. Наредни проекти кои се предвидени во ЈП „Пазари“ се допокривање на пазарот, околи 200 квадратни метри, реконструкција на дуќани во пазарот и околу него и еден од најважните проекти, кои се планирани во наредната година, за кои се прави физибилити студија, е поставувањето на соларни панели, со што сончевата енергија ќе се користи за потребите на ЈП „Пазари“ и централното градско подрачје.- рече градочалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Директорот на ЈП „Пазари„ Пецo Димоски го нагласи значењето на овие контејнери за пазарот
– Тоа ќе влијае на одржувањето на хигиената во градскиот пазар, така што овие подземни контејнери ќе им помогнат пред се на вработените кои ја одржуваат хигиената на градскот пазар, во нивното поефикасно работење, бидејќи досега отпадот се носеше во контејнерите поставени околу градскиот пазар на оддалеченост од 200 м., а сега ќе треба три пати помалку време за собирање и носење на отпадот од градскиот пазар, односно ќе се овозможи полесно и побрзо транспортирање на отпадот. Контејнерите редовно ќе се чистат после нивното празнење и нема да има непријатен мирис, а ќе бидат користени само во непазарните денови.
Вредноста на оваа инвестиција изнесува 1. 870 000 ден, а средствата се обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа и ЈП „Пазари“-Прилеп