Прес-конференција на претседателката на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Ирена Стерјoвска, по повод штетните политики на новата влада на СДСМ кои му се закануваат на Прилеп.
“Почитувани сограѓани,
Не е далеку ниту заборавено времето пред 11 декември, кога СДС, од една страна најавуваше двојазичност на цела територија на Р.Македонија дури и албански јазик и во музичките училишта токму од нашиот град,за потоа да даде збор и писмено ветување на
Претседателот на државата дека ќе ги зачува државните интереси на Македонија.
Но лагата е синоним за СДС и веќе започнаа со реализација на проектот воведување на двојазичност на територијата на цела Македонија, двојазичност на Прилеп.
Господа од СДС, сакате да направите феномен од нашата Македонија со вашата филозофија на водење државна политика?
Сакате да не научите виша математика дека 20% е поголемо од 80%?
Само не заборавајте дека тие 80% не се само процент во бројка, тоа е народ, тоа се луѓе кои си ја сакаат татковината, луѓе кои не сакаат ниту да им ја делите ниту да ја менувате уставноста и уредувањето.
Мора да повторуваме и да потенцираме секој пат кога ќе ги спомените јазиците, дека, на цела територија на Р.Македонија како и во меѓународните односи , според Уставот на Р.М. како и според Охридскиот Рамковен договор, е официјален, само и единствено македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, што произлегува од унитарното уредување на нашата држава, а другите јазици можат да бидат во службена употреба во законски предвидените случаи. Но со новиот закон за јазици сево ова вие го бришете!
Тука се поставува прашањето со кое лице, претставникот од Прилеп во владата на Заев, ќе се појави пред прилепчани и како нас, на неговите сограѓани ќе ни објасни зошто го дал својот глас на Седница на Влада за воведување на двојазичност во Македонија, својот глас за Прилеп да стане двојазичен!
Предвидуваат двојазичност во сите државни институции, јавни установи итн.што значи секаде ќе треба да има преведувачи на албански јазик а во спротивно предвидуваат високи казни и глоби од по 4000 и 5000 евра.
Ваквата ваша политика не е државна, не е македонска и воопшто не е во интерес на зачувување на државните национални интереси.
Како нелегитимна, нелегална влада , предлагате и не уставни закони, кои со своите содржини го кршат и Уставот на Р.Македонија и додавате измени кои воопшто не се предвидени во Охридскиот рамковен договор.
Почитувани пријатели и наши сограѓани, за кратко време ја увидовте штетната политика на СДС, која не е ништо друго освен популизам кој е добар за уво , но лош за сите нас.
Вистинското прашање е.. дали сега можете да направите паралела , кој и како ја бранеше
Македонија и нејзините интереси во целост во период од 12г. И како се распродава СЕ и раскичмува за само 70 дена.
Фактите говорат, приказните продаваат!
ИМА РАЗЛИКА..!!!”