Прилепчанка им гледала на кафе и си заминала со плен од 250.000 денари

gatanje

Поднесена е кривична пријава против 49- годишната Ф.М од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против 43- годишната И.В од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 04.05.2017година во село Јабланица, струшко, Ф.М. со помош на И.В. дошла во домот на Н.Д. каде побарала да и гледа на кафе на Н.Д. и нејзината снаа. За истото требале да и дадат златен накит и 100 евра. Откако истите и го дале, пријавената им кажала дека треба да го земе златото за да ја тргне магијата и дека ќе им го врати во 15.00 часот. После тоа заминала од домот, им оставила телефонски број за контакт, но повеќе не се појавила, а на телефонскиот број не била достапна.

Со тоа лицата увиделе дека се измамени и дека  ги оштетила за 250.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.