Во неделата во Охрид се одржа 16-тото издание на фестивалот “Канео Фест”, во организација на ТВ Морис и со поддршка на општина Охрид.
Прилепчанката Мери Тодорова Младеновска со нумерата “Не допирај”, освои две Гранд при награди, и тоа: Гранд при во поп делот и Гранд при од организаторот.
Автор на музиката и аранжманот на песната е Дејан Миленковски, а текстот е на Бранко Николовски.
Со ова мултиталентираната прилепчанка, уште еднаш ги покажа своите квалитети кои ги поседува на повеќе полиња.
Мери Тодорова Младеновска е новинар, ликовен уметник, пеач, дизајнер, книжевник и поет.
А/Г/