Прилепчани целосни шампиони на Државното првенство за кадети и јуниори во карате (ФОТО)

На Државното првенство за кадети и јуниори до 21 година, кое воедно беше и изборен натпревар за Европското првенство во Сочи Русија, кое ќе се одржи во месец февруари 2018 година, натпреварувачите од Карате клубот “Спорт 94” од Прилеп освоија 4 медали и пласман на Балканското првенство во Херцег Нови, кое ќе се одрижи идниот месец.

Натпреварувањето се одржа вчера во главниот град, во салата “Методија Андонов – Ченто” во населбата “Маџари”.

Карате клубот “Спорт 94” од Прилеп настапи со вкупно 7 натпреварувачи, и тоа:

Ристески Андреј, Ристески Димитар, Цветкоска Сања, Василески Константин, Мисески Христи, Ачкоски Марио и Божиноски Антонио.

Најуспешни беа:

1.Ристески Андреј кој освои златен медал во јуниори у-21 +84 кг.

2.Василески Константин освои злато во јуниори у-21 – 67кг.

3.Ачкоски Марио  се закити со сребро во јуниори у-21 – 76кг.

4.Мицески Христи во кадети – 55кг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.