Речиси една недела прилепчани протестираат против донесувањето на Законот за двојазичност и бараат негово повлекување.
И денеска со почеток од 18 часот најавен е нов протест низ градските улици, на кој ќе се побара вразумување од Владата и повлекување на законот кој ја подели државата.
Реакциите во градот под Марковите Кули се најостри, најмногу поради фактот што во Прилеп речиси и да не живее албанско население.
На социјалните мрежи прилепчани најавуваат уште поголема масовност на протестите.
Збирното место е камената бина на плоштадот “Александрија”.