Изминатиот викенд во Прилеп беше отворена нова канцеларија на брендот за забава и патување “Balkan Fun”.
Благодарение на ентузијазмот, искуството и желбата да се направи нешто повеќе за средината во која живее, Стефан Ристески, инаку наш сограѓанин, се одлучи во Прилеп да го донесе врвот на забава и патување за млади.
Она што се нарекува платформа која вклучува на едно место забава, уживање, музика, дружење и незаборавни моменти, отсега е достапно и за прилепчани.
Канцеларијата сместена во белите згради кај мостот “Табана” е патот кон најголемото party патување за млади на овие простори, кое секоја година за време на првомајските празници се одржува на атрактивни локации и каде присуствуваат повеќе од 2000 млади луѓе.
Ова е 11-та канцеларија на агенцијата за млади во седум држави на Балканот, а тимот во Прилеп веќе работи на голем проект.
НАЈГОЛЕМОТО ПРВОМАЈСКО ПАТУВАЊЕ се очекува да привлече внимание на повеќе од 3000 млади луѓе, кои оваа година ќе патуваат за Паралија. За забавата задолжени ќе бидат балканската мега ѕвезда Сека Алексиќ и Лексингтон Бенд, како и повеќе ди-џеи кои ќе ја загреваат атмосферата.
Цената за ова екстра доживување се движи од 49 евра, за три ноќевања со вкучен трошок за пат.
Eве како беше минатата година:
Balkan Fun After Movie 2017- Paralija from BALKANFUN on Vimeo.
Balkan Fun ви нуди и екстра понуда за Велигденските празници. Подгответе се за Амстердам, Краков, Букурешт, Белград, Софија, Будва и егзотичниот Санторини, и тоа за достапни цени.
Ова е само дел од многуте изненадувања и неодоливи понуди кои ќе следат во наредниот период.
Од Balkan Fun ветуваат долго заедничко дружење, жешко ЛЕТО 2018 и задоволство за сечиј вкус. Доказ за тоа им е традицијата која датира од 2009 година и илјадниците задоволни досега.
Посетете ги, информирајте се, подарете си едно поинакво искуство и станете дел од бројното семејство на Bаlkan Fun.
Од “Balkan Fun” ве очекуваат!
Ние им посакуваме успешна работа и возбудливо дружење и оваа година!